Press "Enter" to skip to content

Втората форумска сесија за искористување на грант во износ од 50.000 швајцарски франци

Во рамките на програмата „Зајакнување на општински совети“, финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка и УНДП, денес во Општина Битола се одржа втората форумска сесија.

Форумите во заедницата во Општина Битола се една од активностите во која директно учествуваат граѓаните во донесувањето на одлуки на локално ниво за подобрување на нашата општина.

Форумите се однесуваат на социјалната инклузија и во склоп на истата обезбеден е грант во износ од 50.000 Швајцарски франци, за граѓански проекти произлезени од сесиите. Во висина на грантот ќе бидат финансирани минимум 1 до максимум 3 проекти кои што ќе произлезат од форумските сесии. Предлозите за проектите ќе бидат дадени непосредно од граѓаните на форумските сесии, и граѓаните ќе одлучат кои од проектите ќе бидат избрани и реализирани од страна на Општина Битола.Темата на денешната втора форумска сесија беше разгледување на предлог концептите произлезени од претходната форумска сесија и тоа: Концепт (1) – Урбана мобилност – возила прилагодени за лица со попречености, Концепт (2) – Мултифункционален урбан центар, Концепт (3) – Физичка пристапност во објекти, Концепт (4) – Монтесори училница и сала за корективни и превентивни вежби, Концепт (5) – Инклузивни училници и игралишта во училишта и градинки, Концепт (6) – Вклученост во културни текови на лица со попречености, Концепт (7) – Прифатилиште – простор за времено згрижување за деца.

Покрај дискусијата и прифаќањето на предлог концептите се изврши и дооформување на работните групи за развивање на предлог проекти.

Следната форумска сесија е закажана за 18 август од 11.00 часот во салата на Советот на Општина Битола.