Press "Enter" to skip to content

Денес три нови случај на корона вирус во Битола

Според информациите на Министерството за здравство објавени на нивната “фејс бук“ страница во Битола, денес се регистрирани три нови случаи на заболени лица од ковид-19.

Инаку, во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на ковид-19 во: Скопје 23, Куманово 8, Дебар 2, Штип 10, Прилеп 3, Тетово 2, Струга 11, Велес 2, Битола 3, Охрид 8, Кавадарци 1, Гостивар 4, Струмица 1, Македонски Брод 4, Виница 2, Свети Николе 2 и Кичево 2.

Починати се 6 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 113 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.289, бројката на оздравени пациенти е 7.221, на починати е 511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.557.