Press "Enter" to skip to content

“Вила Виста“ со поглед кон “зеленото  море“ вистински рај и одмор за очи и кога е врнежливо (фотогалерија)

На патот, во подножјето на околу 15 минуни од Битола, над селото Дихово, се наоѓа ресторанот “Вила Виста“. Сместен помеѓу зелените ридови или со поглед  кон “зеленото море“, како што знаат да кажат гостите, е вистински рај и одмор за очи.Ресторанот и пицерија “Вила Виста“го има најдобриот поглед, кој може да го има една тераса која се наоѓа во потпелистерието, над селото Дихово, погледот се протега од потпелистерието, преку Битила се до Кајмакчалан.Од терасата на ресторанот се простира  градот Битола со сета своја убавина. Овој поглед  е различен  и убавии во зависност од тоа во кој дел од денот сте таму, или во зависност од временските прилики.Во топлите жешки  сончеви денови ќе најдете свежина и оладување, а во овие врнежливи денови ќе можете да уживате во романтиката на летниот дожд. Со тоа различно уживање за секој вкус. Свежиот, планински воздух ќе придонесе уживањето да биде поголемо. Битола ќеја гледате покриена со белите облаци, а тие се тука на дофат, на зелените шуми над “Вила Виста“.За сладокусците ресторанот “Вила Виста“ нуди најразлични вкусни јадења и специјалитети.Ресторан и пицерија “Вила Виста“ работи по сите пропишани протолоколи за заштита.

Ж. Ристевска

More from КомерцијаMore posts in Комерција »