Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

До недела ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен дожд, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Денес, петок, 7 август, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, можно е невреме. УВ=6. Темпрературата во Битола до 23°С.

Утре, сабота, 8 август, времето во Битола ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за појава на град. УВ=6. Темпрературата во Битола до 24°С.

More from БитолаMore posts in Битола »