Press "Enter" to skip to content

Сузана Димовска, сопственичка на аптека “Роса Вита“: со верба во бога, во себе и целосно вложување на себе успехот нема да изостане

Жанета Ристевска

Разговорот го направивме во аптеката “Роса Вита“ во Битола,  каде љубезно не дочекаа Сузана Димовска со дел од својот тим. Слободно ќе ги наречеме херои на денешницата, заради  тешките денови кои ги поминаа за време на  вонредна состојба и карантин поради пандемијата од ковид – 19. Цело време 24/7 во служба на граѓаните на град Битола и околината. Тука би кажала само колку  надеж и ги задоволуваа  потреби  на граѓаните со тоа што работеа 24/7, особено во ноќните часови, за оние на кои им најпотребни. Со ова беа на услуга на повеќе од 80.000 граѓани во вонредни услови на Битола и околните општини. Тие беа оние кои ги опслужуваа граѓаните со лекови и други потребни материјали кога градот беше во карантин.-Имам прекрасен тим, и среќна сум поради тоа, започна со насмевка Сузана Димовска дипломиран фармацевт, сопственичка  на аптека “Роса Вита“, која додаде: искрена ќе бидам аптеката “Роса Вита“  нема да е тоа што е, без цел тим кој го сочинуваат: дипломирани фармацевти, тахничари и административни работници. Одлуката да дежураме за време на карантинот ја донесовме сите заедно. Немаше да се издржи таа тежина на снабдување, и други обврски без вложубање на целиот тим.Позитивната енергија и атмосфера се чувствува во “Роса Вита“. Поверував на нејзните зборови додека Сузана со тимот на “Роса Вита“ ги фотографиравме, а потоа заедно со нив ги одбираше  фотографиите за оваа објава, односно  се консултираше со своите од тимот. Фотографиите кои ги направивме вредат илјада зборови. Но, сепак и тие мора да ги поддржиме со текст кој го направивме со Сузана  Димовска за почетоците, отворањето на оваа аптека која се наоѓа на улица “Моша Пијаде“ во старата битолска чаршија, наспроти итната помош во Уредот,  за работењето во вонредни услови, за семејството… Да започнеме од почеток.Идеја за отварање на оваа аптека и од каде љубов кон фармација?

-Завршив основно образование во подрачното училиште “Св. Кирил и Методиј “ во Могила од каде што и потекнувам. Потоа продолжив во средното медицинско училиште “Јован Калаузи“ во Битола во смерот – медицински сестри. Љубовта кон фармацијата ја добив од професорот магистар по фармација Златко Белевски кој го предаваше предметот Фармакологија. Тој своето големо знање го пренесуваше  на многу интересен начин. Заради тоа одлучив да студирам фармација и после завршување на средното образование продолжив  на  факултет за фармација  во Софија, Бугарија, за во втора година се префрлам на  Универзитетот во Скопје – фармацевтски   факултет.  После дипломирањето одреден период работев во аптека “Зегин“  во ГТЦ  Буњаковец – Скопје кое ми беше едно драгоцено искуство. Кога се вратив во Битола работев во аптека “Томекс“ неколку години. Во 2002 се одлучувам да ја отворам аптеката “Роса Вита“ заедно со мојата колешка Татјана Михајловска-Шеровска  и двете бевме првите вработени во “Роса Вита“.

Морам да кажам дека “Роса Вита“ беше последна отворена аптека во чаршијата и првите години беа тешки, особено што од 2002 – 2006 година не работевме со лекови кои одат на товар на Фондот за здравство. После тоа се зголемуваше работата, а со тоа  потребата од нови вработени. Ќе кажам само кратко дека за секој вработен самата судбината да ми го носеше. Така секој  и си ја носеше својата среќа во фирмата.Моментално  сме 12 вработени во аптека “Роса Вита“ во Битола, и 2 во аптекарските станици општините  во селата Могила, Новаци и Житоше кои се отворени во текот на годините после 2013 година.  Правевме  напори за отварање на мобилна аптека, но заради објективни причини тоа не успеа да се изреализира до крај.Вонредна состојба која беше прогласена заради пандемијата од корона вирусот се случи за кратко време, но вие многу совесно ја презедовте обврската да ги опслужувате граѓаните на Битола и околните општини со лекови и се друго во домен на ваши услуги. Со тоа во тие тешки денови на каранитин  им влеавте надеж, утеха дека и во текот на ноќта доволно ќе биде да ви се јават за да добијат совет и препорака за преку потребните лекарства.

-Во тие тешки денови се најдовме пред голем предизвик, јас размислуваав како ќе се одвива цел процес, за да не се ремети полицискиот час и се друго повразно со вонредните услови. Бев решена најпрвпо цел месец колку што беше донесена одлука за вонредна состојба, да биде отворена аптеката “Роса Вита“ 24/7  јас да дежурам сама, секој ден во ноќните часови.  Мојот тим како што реков ми ги прочита мислите и застанаа целосно со мене во тие тешки денови на одлука. Одлуката како што кажав ја донесовме сите како тим и сите се сложивме дека ќе издржиме, колку што треба, откако вонредната состојба  се  пролонгира понатаму уште долг период.Овде сакам да споменам дека ноќната смена во овој сектор не е платена и ноќното работење не е рентабилно. Ноќните смени не ги покрива ниту Фондот за ЗОСМ.  Исто така и ние фармацевтите сме меѓу најмалку платените професии во државата. Во ова ќе се сложат сите мои колеги фармацевти кои се полни со знаење и на најпрофесионалне начин ја работат својата работа. Имено, ние сме оние кои ја прават спрегата помеѓу лекарите и пациентите. Ние треба да сме секогаш љубезни со нив, бидејќи тие идат кај нас во мака, да им го дадеме лекот од кој очекуваат оздравување.Тимот на “Роса Вита“…

-Мојот тим е секогаш со мене, како што претходно кажав, ние сме толку поврзани што тие како да  и ги читаат мислите. Карантинот со сите набавки кои беа доста комплицирани и дежурствата ги издржавме заедно.  Оние вработени колеги  кои имаат и мали  деца не отсуствуваа од  работа. И сега “Роса Вита“ работи 24/7 и е на целосна услуга на граѓаните на општина  Битола, а тука се и аптекарските станици на општините во селата Новаци, Могила, Житоше. Се гордеам со својот тим фармацеути, техничари и административци.  Секој член од тимот како да дојде во прав момент во “Роса Вита“ и при тоа си ја  донесе својата среќа во фирмата. Верувам  како самиот Бог ми го донесе, и ќе нагласам,  секој сам си ја заработува својата плата, а не му ја давам јас. Ќе се сложат сите фармацеути дека платата во овој сектор е мала, спрема одговорноста и работата која ја извршуваме.За името “Роса Вита“…

-Името за мене има посебно значење, ќе ви кажам зошто и што ми значи. Од мала растев опкружена со ружи. Мојот татко, Христо Христовски, имаше расадник за садници за трендафили и  рози и друг семенски материјал. Ружата  мое омилено  цвеќе, посебно црвена. “Роса Вита“, ружа на животот или црвена роза. Мојот татко ме воспита дека во животот треба напорно да се работи и дека ништо не доаѓа без труд. Со моите две сестри Клаудија и Елизабета од мали  работевме во расадникот, а се случуваше и да не однесе додатно и на работа преку лето во Швајцарија.Многу сум му благодарна на тоа што ме научи дека со работа, со целосно вложување на себе се постигнува се. Ништо нема да дојде само, или резултат на среќни околности. Многу сме блиски со моите две сестри иако две сестри живеат  едната во Минхен, Германија, другата во Скопје, а ќе кажам секоја е успешна во своја област. До ден денес работам во расадникот кога има потреба во сезоната. Моите три синови Иван, Наум и Јован сега имаат 14 години и за време на сезоната  веќе се ангажирани во расадникот заедно со својот татко, мојот сопруг Цане, кој е целосно  ангажиран во расадникот.За семејството… како ги усогласувате своите обврски во трите аптеки, работа во  расадникот  други ангажмани  и на приватен план.

-Морам да кажам дека е многу тешко иако се вложувам целосно во се што работам. Така  сум воспитувана. Карактерно сум многу издржлива и тоа што ќе го започнам да го довршам до крај и колку да е напорно.  Искрена ќе бидам дека мора нешто и да се пропушти. Не може се. Додека беа помали моите деца, а господ ми подари тројка, голема помош и подршка од мојата мајка Цвета, свекрва значи пошироко семејство. Безрезервна подршка од мојот сопруг Цане кој за ниедна моја одлука не ми застана на патот.Сега децата се веќе поголеми имаа 14 години и работат за време на сезоната во расадникот, заедно со татако му. Ги воспитуваме со чесен труд да зработуваат.  Само со труд, работа, целосно вложување на себе и ќе имаат успех во животот.Тоа што го научила низ своето воспитување, го пренесува на своите деца и вработени,  би кажала дека во ниеден сегмент од животот не пропуштила.   Таа е успешен менаџер, сопруга, мајка, колега која низ животот ја води големата верба во бога и универзалните човечки вредности, да се биде чесен, искрен, хуман и да се помага на другите кога им е најпотребно.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »