Денес, сабота, 8 август, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, со можно невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. УВ=6. Температурата во Битола до 25°С.
Утре, недела, 9 август, во Битола времето ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. УВ=8. Температурата во Битола до 26°С.