Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: старец со “фиќо“ излетал од патот и удрил во дрво, тешко се повредила сопругата

На 08.08.2020 во 15,02 часот било пријавено дека на патот село Маково – село Старавина пред крстосницата за село Старавина, патничко моторно возило “застава 750“ со битолски регистарски ознаки управувано од 78 годишник од Битола, излетало од патот и удрило во дрво.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката на возраст од 75 од Битола, а со телесни повреди се здобил возачот констатирани во Клиничката болница Битола.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Битола.