Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола роменливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно

Од утре ќе преовладува сончево и потопло време, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на дожд и грмежи.

Денес, недела, 9 август, времето во Битола, според метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Околу пладне и попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=7. Температурата до 27°С.

Утре, понеделник, 10 август, времето во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. УВ=8. Температурата до 28°С.