Press "Enter" to skip to content

Денес, недела, во Битола 4 новозаболени и 3 оздравени пациенти од ковид-19

Според информации на Министерството за здравство денес во Битола бележиме 4 нови случаи на заболени од ковид-19 и 3 оздравени битолчани.

Во последните 24 часа се направени 1.188 тестирања, а регистрирани се 85 нови случаи на ковид-19 во Скопје 32, Куманово 9, Дебар 3, Штип 9, Прилеп 1, Тетово 1, Велес 2, Битола 4, Кавадарци 6, Гостивар 7, Струмица 1, Кочани 1, Демир Хисар 1, Виница 1, Кичево 7.

Починати се 4 лица, два пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени пациенти од Скопје 1, Тетово 13, Велес 2, Битола 3, Демир Хисар 2, Делчево 1, Свети Николе 13 и Кичево 7.

Досега во земјата се направени вкупно 114.807 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 11.839, бројката на оздравени пациенти е 7.664, на починати е 527, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.648.