Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: и пред 10 години Пелистер во Битола ја отвори сезоната на 9 август (фото)

Како и денес на 9 август 2020 година и пред 10 години фудбалскиот клуб Пелистер во Битола ја отвори сезоната 2010/11 под Тумбекафе, во натпреварот против екипата на Тетекс од Тетово, зашочна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Тогаш на 9 август натпреварот во Битола против Тетекс, екипата на Пелистер ја водеше Наум Љамчевски како прв тренер, помошник Ѓоко Илиевски, лекар Зоран Лазаров. Натпреварот заврши 1:1, полувреме 0:1 за Тетекс. Голот за Пелистер го постигна Лазе Илиев, а Филип Миленковски си даде автогол во 30 минута.За екипата на Пелистер наспапија: А. Анѓеловски, А. Велјановски, Н. Петковски (Т. Брњарчевски), И. Талевски (И. Петровски), М. Цветковски, Љ. Мицевски, Ф. Миленковски, Н. Брадоњич, Л. Илиев, Б. Ристевски, И. Келешоски (М. Лазарески).Овој текст нека биде потсетување, посебно за помладите за амбиентот во кој започна таа сезона, како беше на резерната клупа која се наоѓаше сега веќе на старата трибина која е срушена, а за потсетување се играше пред 1.000 љубители на фудбалот во Битола. Но, и најава на новата 2020/21 сезона, која започнува денес на 9 август, а Пелистер ја пречекува екипата на Академија Пандев во Битола, под Тумбекафе, во 17,30 часот.

More from БитолаMore posts in Битола »