Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Пелистер на стартот на Првата лига (фотогалерија)

Пелистер – Академија Пандев 1:0 (1:0)

ФК Пелистер во Битола, под Тумбекафе, со почитување на сите мерки според протоколите за заштита од ковид-19, стартуваше во Првата фудбалска лига како и посакуваше, со победа, над екипата на Академија Пандев, миниално но заслужено, бидејќи ја имаа контролата на играта во текот на целиот натпревар и не дозволија гостите да дојдат во ситуација да израмнат.Двете екипи, се виде на стартот, беа желни за играње фудбал по долгата пауза, а веќе во 4 минута гостите погодија статива по ударот на Крстовски од далечина. Но ако струмичани не искористија во 4, “пелистерци“ во 8 минута ја искористија шансата за “ран гол“ со кој поведоа со 1:0. Бојан Илиевски од десната страна убаво центрираше, а засилувањето од Нови Пазар, Анес Хот, одлично реагираше, постави нога каде требаше и ефектно го постугна својот прв гол за Пелистер.Во 23. минута Пелистер имаше одлична шанса за втор гол. До крајот на првото полувреме бележиме шанса на Радески, но голманот на Пелистерк, Талески одлично интервенираше. Продолжението не донесе некоја значителна промена на играта, а Хот ја затресе пречката по корнерот кој го изведе Танушев. -Презадоволен сум од победата на стартот. На овој натпревар одигравме тимски и тимот победи. Една ситуација на почетокот која ни се укажа на стартот, ја искористивме и потоа контролиравме. Одигравме многу добро во дефанзива и честитки за фудбалерите. Реална е нашата победа од еден гол разлика. Очекувам дека од натпревар во натпревар ќе играме подобро, рече тренерот на Пелисте, Зоран Штерјовски.Пелистерци“ освои три значајни бодови на свој терен во Битола, а во наредното коло гостуваат во Кратово, кај Силекс.