Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: при нанасевање удар од блиску, со претходно влечење на реверот

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога нападот доаѓа од напред, а напаѓачот сака да ни нанесе удар од близина, со примена на техника од реален аикидо.

Одбраната кога напаѓачот не влечи за левиот ревер (околувратник), со цел со другата рака да ни нананеси удар-од блиску се состои во тоа што прво ја фаќаме неговата десна рака во пределот на коренот на палецот-со цел да го спречиме натамошното влечење. Потоа со десната рака пласираме удар под брадата и изведуваме двоен лост врз неговата дланка и лакт. Во завршната фаза од обраната, со левата рака, која е поставена од внатрешната страна на лактот на напаѓачот, влечеме лево на долу, додека пак со десната рака истовремено правиме торзија во десно (дланката на противникот се држи од надворешната страна на неговиот палец, при што имаме потполна контрола на неговите прсти).

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.