Press "Enter" to skip to content

Терасата на ресторан “Белведере“-Битола на покривот на “Стаклената“ место за летно уживање

Ресторанот „Белведере“ во центарот на Битола е препознатлив по високата професионалност на работа и квалитет на услуги и храна.

Сместен на  локација во центар на Битола  во “Стаклената зграда“, на покривот, со поглед кон цел град ресторанот “Белведере“ со право има посебно место меѓу рестораните во нашиот град, битолчани се навикнати на утринско кафе со муабет, доручек или ручек со пријатели, колеги или романтични вечера. Едноставно како некои знаат да кажат, глетката  која се протега кон градот  е преубава.

Во ресторанот “Белведере“  и  внатрешниот простор и терасата даваат неповторлив поглед на убавините на Битола која може да набљудува од поглед од горе од  повеќе страни. Секогаш различен поглед од горе во зависност од сонцето и светлината. Во различни периоди на денот можете да уживате во тој поглед пиејќи го своето утринско кафе, доручкувате, ручате или вечерате. Во претпладневните часови можете да одберете од богатото мени на разни видови доручек за секој вкус по поволни цени во кој добивата и гратис кафе или сок.

Во текот на денот имете можност да уживате во погледот од внатрешноста или на терасата на чист воздух гледајќи го синото небо на кое можете да се восхитувате после долгиот период на карантин и затвореност. Навечер пак звезди и месечина, и мистична, романтична атмосфера. Кога и да го посетите ресторанот  нема да ве остави рамнодушни. 

Убавиот амбиент го надополнува доживувањето на  вкусната храна која се нуди во ресторанот и по која е и познат ресторанот “Белведере“. Тука спаѓаат различни специјалитети од интернационални кујни и тадиционални јадења карактеристични за нашето поднебе. Услуга на ниво, високи мерки на заштита според протоколи. Со сите овие карактеристики ресторанот и терасата “Белведере“ ќе бидат пријатно и сигурно место за опуштање, дружење,  кои на сите ќе им бидат добродојдени после период на карантин.  Со единствен  поглед кон Битола од каде како што многумина велат “убавините на Битола изгледаат толку посебно и близу, како да може да ги дофатите“.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »