Press "Enter" to skip to content

Победа на Еурофарм Пелистер на отворањето на Струшкиот ракометен турнир (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Металург 24:22 (15:12)

Од Струга, Сашо Ристевски

На првиот ден на традиционаланиот струшки ракометен турнир, кој се одигра под ковид-19 протоколи, екипата на Еурофарм Пелистер од Битола, ја победи екипата на Металург со резултат 24:22, полувреме 15:12, со што го направи првиот чекор кон финалето.Натреварот кој е прв официјален за двете екипи по корона кризата од месец март, го одбележаа многу грешки на двете страни, но уште од стартот екипата од Битола покажа дека е оправдан фаворит.  Избраниците на Жељко Бабиќ стигнаа до значителна предност, но и Металург имаше свои моменти.Екипата од Битола почна со доста добра игра во одбраната и за пет минути прими само еден гол, по што константно го држеа водството. Во десеттата беше 6:3, а потоа, Еурофарм Пелистер стигна до +5 (9:4). Металург се обиде дојде на еден гол разлика пред крајот на првото полувреме, а полувремето заврпи 15:12  во корист на Еурофарм Пелистер. “Металурзите“ на стартот на вториот дел дојдоа на -1 (16:15), но Еурофарм Пелистер за брззо време се врати три гола разлика (18:15). До крајот со добра одбрана битолчани ја  задржаа оваа разлика од 2-3 гола, а натпреварот заврши 24:22.Најдобар кај Еурофарм Пелистер беше Кушан со пет гола, а Маџовски, Мандалиниќ, Стјепановиќ и Костески постигнаа по три. Голманите на екипата од Битола Чаневски и Трајковски забележаа по три одбрани.Еурофарм Пелистер со победата над главниот конкурент во групата практично е прв и многу блиску до пласман во финалниот натпревар на Струшкиот турнир. Денес Еурофарм Пелистер има слободен ден.