Press "Enter" to skip to content

Битола 1 новозаразен, активни 78 случаи, во Клиничка болница 26 пациенти со ковид-19

Во Битола во последните 24 часа, според информации на Министерството за здравство објавени на нивната официјална “фејс-бук“ страница, е регистриран само еден пациент новозаболен од ковид-19. 

Битола има досега регистирано вкупно 179 заболени лица, активни се 78 случаи, а во Клинилката болницата во Битола на инфективното одделение се хоспитализирани 26 пациенти.

Инаку, во последното деноноќие вкупно се направени 2.172 тестирања, од кои ЦЈЗ во Битола-102 тестови, а регистрирани се 160 нови случаи на ковид-19, во 24 градови во Македонија. 

Починати се три пациенти, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 368 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 123.122 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 12.515, бројката на оздравени пациенти е 9.030, на починати е 535, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.950.

More from ВестиMore posts in Вести »