Press "Enter" to skip to content

Совети од биоенергетичар: дискус хернија чест здравствен проблем, лекување со “taftherapy“

Меѓу пршленските тела на р’бетот постојат меки и еластични, дисковидни тела кои имаат улога на амортизери, перничиња кои понекогаш знаат да попуштат под дејство на различни фактори.

Кај младите луѓе овие меѓупршленски тела (дискуси)се меки и еластични, но како и кај многу структури во телото, со возраста тие ја губат својата еластичност и стануваат подложни на повреди.

Најновите иследувања покажуваат дека кај 30% од луѓето на триесетгодишна возраст веќе се јавуваат промени на меѓупршленските дискуси. Со намалување на еластичноста на дискусот се зголемува веројатноста тој да попушти, односно да “прсне“, при што тој се изместува од својата природна ложа и врши притисок врз околните структури, а тоа се р’бетниот мозок и корените на нервите кои излегуваат од р’бетниот мозок во близина на пршленските тела и меѓупршленските дискови.

Дискус хернијата е чест здравствен проблем и најчесто настанува поради неправилни и неприродни движења на р’бетниот столб, најчесто во пределот на кичмата, односно крстот. Едно невнимателно наведнување кон напред и подигнување на тежина која и не мора да биде којзнае колку голема, може да доведе до изместување на дискусот од неговото лежиште.

Таа може да се појави во било кој дел од р’бетот, но најчесто во крстниот дел околу 90%, помалку во вратниот дел околу 8%.

Лекување со физикална терапија, акупресурна фибрација, термална терапија, терапија каде се тонусира мускулна атрофија.

Тоше Соколов, физиотерапевт, биоенергетичар, нутриционист и фитнес советник.

Закажување на 070 355 979