Press "Enter" to skip to content

Тоше Соколов, био-физиотерапевт, нутриционист, фитнес советник, сопственик на “Тaftherapy Соколов“: ја продолжувам семејната традиција од 400 години

Сега во Битола го продолжувам 400 годишното фамилијарно наследство на лекување со биоенергија  на моите предци низ поврзување на биомасажа, физиотерапија, тафттерапија и нутриционизам, вели Тоше Соколов.

Жанета Ристевска

Деновиве во Битола започна со работа салонот за “Тaftherapy Соколов“ и тоа беше и причината за разговор со Тоше Соколов, биотерапевт, физиотерапевт, нутриционист, фитнес тренер, професионален фудбалер, авантурист…  Тој достојно ја продолжува традицијата стара 400 години на  неговите предци, чукунбаба, прабаба, баба, мајка  кои лекувале  со биоенергија односно биотерапија, физиотерапија.-Сите тие  лекуваа со биоенергија, биотерапија, само јас и мојата мајка сме едуцирани ја започна својата приказна Тоше Соколов и продолжува:

-Мојата баба Кристина, која сите ја познаваа како баба Кика, живееше во Србија, Косово во градот Витина, а беше познат “местач“, надрилекар која местела скршеници, исчашувања и кај доаѓале со мака не само од регионот  на Косово, Србија туку и од цела СФР Југославија.  Со своите раце и со допир, ќе почуствувала, и ќе ги наместела преврзела повредите на коските. Способностите за биотерапија се пренесуваа од колено на колено, но кај оние кои можат да ја почуствуваат таа биоенергија во себе и кои сакаа да работат на помагање, лекување. Така јас сум горд што сум еден кој ја продолжи таа долга семејна традиција, сега тука во Битола, а имам пациенти од цела Македонија и пошироко.Тоше Соколов, кој сега живее и работи во Битола, од својата 17 година започнува со биомасажа или биотерапија, за да низ годините завршува Виша школа за физиотерапија, и низ многу едукации и обуки се сертифицирал за “Тaftherapy“,  нутриционизам, фитнес масажа. Тој ја усовршил техниката од 30 масажни техники во т.н. “Тaftherapy“ масажа која произлегува од неговите  искуства кои се пренесувани од колено на колено, како и  практичните искуства кои ги стекнал  на обуки во Тајланд, земја позната по посебни техники за масажа. Има свои  видеа со овие техники на каналот “You tube“. Неодамна го отвори неговиот салонот за “Тaftherapy Соколов“  на улица “Партизанска“ во Битола и започна со услуги за тафт масажа, совети за нутриционизам во Битола.Од своите искуства како нутриционист го создава “Витав диет“  негов лиценциран производ направен по негова рецептура, мешани семиња за здрава исхрана и диета. Тој со еден интердисциплинарен пристап успешно лекува, помага и советува во областите на физиотерапија, биомасажа, нутриционизам, фитнес со своето наследено и стекнато знаење, искуства и  практична работа како физиотерпевт, масер, фитнес тренер и советник. Своите искуства ги споделува и во рубриката “Совети од нутриционист“ на нашиот портал bitolanews.mk. Тоше Соколов покрај ова е спортист- професионален фудаблер кој години игра за повеќе клубови во Србија, Грција и во последните 5 години во Македонија.

Вака ја започна приказната за неговиот живот…

-Роден сум во Гевгелија, но одраснав во Бор, Србија. Мајка ми е македонка, а мојот татко Србин од Бор.  После раѓањето на 8 месечна возраст родителите ме однесоа во Бор каде живеев до свои 20 години. Потоа живеев во Белград, каде завршив Виша школа за физиотерапевт. Тоа беше и нормално бидејќи растев во семејство каде лекување со биоенергиа, биомасажа, физиотерапија се пренесуваше од колено на колено точно 404 години. Само јас и мојата мајка, Сузана Соколов, сме едуцирани во овие области. Ми раскажувале дека најпрво моите предци  лекувале само со биоенергија, без допир, само со топлина, очи, позитивна мисла. Потоа низ годините лекувањето еволуирало и се започнало со биомасажа. Искуството на моите предци, прабаба Кика, баба јас сметав дека во современото живеење треба да го надоградам. Низ годините понатаму следуваат многу обуки за биомасажа, нутриционизам, фитнес… Отпатував во Тајланд и осум месеци живеев најпрво во Банкок, а потоа во Лијаза каде и практично се запознав со масажни техники кои јас ги обединив во т.н “Тaftherapy“ терапија – “тафт“ масажа, сега со седиште во Битола. Цело време овие години напоредно професионални тренирам и играм фудбал во многу клубови, кој го сакав од мали нозе.Фудбалска кариера…

-По доаѓањето во Белград на мои 20 години започнав да играм фудбал во клубот Обилиќ, на Аркан, а потоа на Цеца Ражњатовиќ, каде одиграв 4 сезони.  После тоа отидов во Чукарички Станков и многу други клубови низ Србија. На 26 години играв за Поликастро во Грција 16 месеци, потоа Пефкохори. Во меѓувреме живеев и  во Пјаченца Виченца каде и играв фудбал, но таму не бев за фудбалот, туку повеќе бев за да работам и да се усовршувам во “мојот занает“.  Играв за македонски фудбалски клубови меѓу кои најдолго во Кожув од Гевгелија. Сега  во последните 5 години живеам во Македонија, играм во екипата на Еуро Милк од  Лисиче од  Скопје. Сега сум “преселен“ во Битола, а до кога не знам (се смее). Целиот период  играм фудбал и паралелно  се занимавав со мојата работа, како биотерапевт и физиотерапевт. Ќе ви раскажам случка кога на фудбалски натпревар играв и ме викаат да му помогнам на повреден фудбалер, со исчашен зглоб. Имаше многу вакви случаеви, заради кои решив посериозно да се занимавам само со биотерапија, а фудбалот сега сакам да ми биде само рекреација. Сметам дека посветувајќи се на физиотерапија и биотерапија ќе можам да ги искористам моите наследени и стекнати искуства, од кои дел од спортските повреди, за да им помагам во лекување на оние на кои им треба.Фитнес советник и тренер

-Поминав фитнес едукација во Милано, Италија и некое време работев како години фитнес тренер во Скопје каде поврзував совети од нутриционизам во фитнес.

400, или како Вие велите 404 години, стара традиција на лекување и помагање на луѓето во вашето семејство. Кажете ни повеќе околу ова…

-Уште од многу мал бев сведок на лекувањата на мојата баба и мајка бидејќи ова помагање, лекување на луѓето се пренесуваше веќе од колено на колено точно 404 години. Способност за лекување со  биоенергија или  биотерапија  и лекување на луѓе на кои им требаше помош. Биотерапија  која се работи со допир  на енергетско ниво на другата личност. Се сеќавам  мој прв клиент – пациент го имав на 17 години кога требаше да помогнам со биотерапија на  65 годишна  жена. Заклучив дека  мојата способност која ја стекнав гледајќи ги пренесуваните искуства од моите предци  треба да се надградат  со знаење, учење и надоградување. Затоа понатаму цело време се усовршував.  Завршив виша школа за физиотерапија, одев на обуки за нутриционизам, биомасажа, тафт терапија. Заминав за Тајланд и после тоа видов дека денес  во  современото сфаќање на здрав живот потребно е поврзување  на сите овие области со цел помагање и лекување бидејќи сега живееме во современо време кога нездравиот начин на живот, исхрана и стрес го земаат својот данок. Заболувања на коски, сколиоза, дископатии се многу чести во денешно време.Тоше Соколов нутриционист и вашиот патентиран производ за здрава исхрана и диета “Витаф диет“…

-Од искуствата кои го стекнав од патувањето во Тајланд се роди идејата за производот за здрава исхрана “Витаф диет“. Додека престојуваав таму се интересирав и  научив многу за здрава храна која е комбинација на повеќе  семиња,  од каде е и рацептот за “Витаф диет“. Уште пред 6 години започнав со производство кое малку стагнира заради добивање дозвола за производстви, диструбуција и секако сертификат. После добивањето започнав со производтво на оовој производ кој сега е лиценциран за продажба. Тоа е мешавина од различни семиња која е мој патентиран производ.  Дел од семињата ленено семе, сончоглед и семки од тиква ги има кај нас, а другите семиња чиа, црно семе… ги нарачуваме од Турција. Заради ситуацијата со корона вирусот имавме мал проблем со увоз.  Исто така пред пандемијата организиравме и  држевме предавања за здрава исхрана и начин на конзумирање на “Витаф“ производот со клиенти низ цела држава, заедно со мојата сопруга Јасна. Таа исто така е задолжена за “веб“ и “фб страната“ на “Витаф диет“ и продажбата на производот која е само преку нарачки он лајн. На неколку пати имавме вакви предавања и во Битола, за што Вие редовно информиравте и ни помагавме во реализацијата.Тоше Соколов, физиотерапевт и  салонот  “Тaftherapy Соколов“

-Искуството од патувањата во Тајланд заедно со претходните практични искуства ги пренесив во “Тaftherapy“ терапија. Поточно “Тaftherapy“ терапија потекнува од Тајланд и се применува од 18 век, како алтернативна медицина и техника, а во 19 век веке се користи и во централно стативна медицина. “Тaftherapy“ терапија има 30 масажни рачни техники, (мануални) како акупресурна фибрација делува како на нервите така и на мускулатура и ткивата. Се препораува кај сите возрасни групи и кај сите хронични дијагностицирани пациенти. Тука би нагласил дека секоја болка мора навремено да се лекува и третира. Бидејќи ако на пример имате болка во колено, ако не се третира тогаш од неправилен од, ќе има последици на колкови и цело тело. Исто така кога се почне со терапија, мора во неа и да се истрае до крај колку е потребно третмани, кои многу често се и болни. Често се случува после неколку третмани и подобрување, клиентите да се откажат, и тогаш терапијата не е доволна и завршена. Во салонот за “Тaftherapy  Соколов“ клиентите ќе ги добиваат сите услуги од оваа масажна техника. Во салонот „Соколов“ сега со локација и  во Битола неодамна започнав со работа каде  клиентите ќе ги добиваат сите услуги од оваа масажна техника. Сопругата Јасна е задолжана за закажување на телефон и пречекување на клиентите, кои потоа јас ги примам. Исто имам салони во Гевгелија, Велес и Скопје за клиенти од тие региони, каде досега работев. Сега многу повеќе ќе се стационирам во Битола каде се преселивме со сопругата и заради имотот кој се наоѓа во близина на Битола, каде ќе одгледуваме кучиња, и други домашни животни.

На приватен план

-Сопругата Јасна голема подршка не само морална туку и во работата. Заедно сме вклучени во се. Многу сме слични со авантуристички дух, сакаме животни, кои и ќе ги одгледуваме на ранчот, близу Битола. Како претходно кажав сега се преселуваме во Битола во стан, а напоредно ќе работиме на имотот. Наскоро ни претстои и патување низ Европа кое го планираме за во месец март. Формирање на клуб за мал фудбал – футсал во Битола

-Многу планови и секако доаѓаат од моите досегашни искуства низ годините. Моите искуства како фудбалер во повеќе клубови сакам да ги пренесам низ  идеја  да направам клуб за мал фудбал- футсал во Битола. Тој ќе биде прв во Битола, со академија (школа) за мал фудбал  за деца кои ќе тренираат во истиот. Името ќе биде Витаф Диет и се уште сме во преговори со инвестиори и спонзори, но сметам дека наскороо ќе се реализира таа моја замисла. Во иднина планираме  и да организираме  балкански турнир во мал фудбал во Битола.Идни планови на деловен и приватен план…

-Во идни планови го споменав имотот кој планирам да прерасне во ранч за одгледување на животни. Започна изградбата на викендица, одгледуваме кучиња и живина, на имотот  близу селото Габалавци. Овде би се надоврзал за пандемијата на корона вирусот донесе негативни последици за бизнисот, но го промени начинот на размислување и враќање кон природа, здрав начин на исхрана, живот и секако моите услуги кои се се повеќе барани.  Мојата идеја која се надевам ќе се реализира кога ќе се отворат границите и ќе се намали опасноста од корона закана. Во март месец 2021 планирана е авантуристичка експедиција пат околу Европа за 80 дена со комбе. Би сакал да ја запознаам Европа со нејзините градови Барселона, Мадрид, Париз… на еден поинаков начин со запознавање на културата, менталитетот , храната… Тоа ќе биде драгоцено искуство кое се надевам ќе ни се исполнат нашите желби на сопругата и моите.Со својот ентузијазам, оптимизам, енергија во откривање на нови хоризонти му посакуваме да ги реализира своите идеи и соништа. На крајот би завршила со зголемениот стрес предизвикан од корона кризата,  намалената физичка активност, нездрава исхрана за време на карантинот луѓето се повеќе се насочени кон барање на услуги и совети од областите за кои се уште и се усовршува Тоше Соколов. Со  тоа неговите искуства и знања ќе бидат драгоцени за подобар и поздрав начин на живот во иднина.

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »