Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: препораки за родители, наставници, пред почеток на новата учебна година, во време на пандемија

Авторот е психолог во ОУ “Св. Кирил и Методиј“ во Битола

Пандемијата со корона вирусот го одложи почетокот на учебната година.  Повторно неизвесност која носи страв како ќе изгледа започнувањето и текот на наставата ова учебна година. Оваа ситуација е таква што  не може да се предвиде однапред како ќе се одвива наставата, почитување на протоколи (носење маски, дезинфицирање)и што ќе биде. Очекувањата мора да бидат пониски, за да функционирањето  биде подобро.

Во текот на овој месец септември родителите ќе можат да се премислуваат дали ќе го пратат детето физички да присуствува или ќе учи од дома (ова важи за учениците од 1-3 одделение). Другите ученици ќе учат од дома “он-лајн“.

Важно е да се нагласи дека родителите не би требало да го пренесуваат некое свое незадоволство со целата ситуација.

Треба разумно да ги следат информациите и  да се свесни дека не може се да функционира како пред пандемијата или дека таа не била или не постои. Пред започнувањето на учебната година многу прашања и дилеми кај родителите за нивните деца,  како ќе се одвива целата ситуација. Ситуацијата е таква што  за прв пат сега се соочуваме и нема искуства за функционирањето на училиштето. Тука е организација  на наставниот процес, со нови правила , протоколи и добро да се одвива чекор по чекор. За дилемите, прашањата на родителите корисни препораки и совети за тоа како полесно  да се справат со новата ситуација.Зависно од  возраста на детето така и би требало да му објасниме како ќе се однесува во училиште

Родителите треба да знаат дека: децата многу повеќе обрнуваат внимание како тие самите се однесуваат, а не  она што му говорат, ова особено важи за децата до 10-12 годишна возраст.

Децата гледаат во нив како тие се справуваат со ситуацијата, така да ако им покажат несигурност, страв, анксиозност тогаш и тие така ќе се однесуваат. Ќе  бидат исплашени и несигурни во однос на одење во училиште.

Затоа треба убаво на детето да му се објасни дека почнува учебната година, оние кои одлучиле физичко присуство на детето ќе му објаснат дека со одење во школо ќе имаат прилика да се дружат, но со физичко дистанцирање и со носење маска.

Родителите не би требало да се загрижени, бидејќи

Децата многу подобро ќе се прилагодат на ситуацијата одколку родителите.

На децата треба да им се каже дека сега сите се наоѓаме во равноправна ситуација и треба да бидат одговорни во однесувањето со почитување на мерките на заштита, со носење маска и држење физичко растојание.

-Родителите треба да ги почитуваат советите кои ќе ги добиваат од училиштето, да се однесуваат одговорно и да ја почитуваат институцијата.

-На нив е да го почитуваат училиштето, да проверуваат дали детето има маска, да им мерат температура пред да го пратат детето во училиште.

-Одговорни да се и при најмали знаци на настинка да не го праќаат на училште.Во однос на ситуацијата сега од насатвниците ќе  зависи како децата ќе ги прифатат новите правила.

Како што и претходно наставниците имаа различни резултати, различно   ја одржуваа дисциплината на час, сега ќе треба да ги спроведуваат мерките на дело, секој мора максимално да труди и да ги почитува правилата на носење маска.

Наставникот треба да биде пример модел на однесување за почитување на мерките, да биде доследен при спроведување на дисциплина и ред во носење маски.

Треба да ги насочува физички да се дистанцирани, но социјално да се дружат, да комуницираат со поглед, изразуваат чувства со поглед особено да бидат емпатични кон своите другарчиња.

Треба да се нагласи дека од ситуациите во практика ќе се решаваат проблемите кои би можеле да произлезат, (на пример како ќе ја одржувам дисциплината ако децата не почитуваат носење маска, а воедно и предавам).

Во последните години, како и периодот на почетокот на корона кризата и онлајн настава може да се каже дака училиштете и ликот на наставниците се деградирани. Критики на учењето он-лајн. Многу е важно родителите да ја почитуваат професијата наставник, потоа и училиштето  со тоа ќе бидат пример и детето така да  се однесува. Со новата ситуација наставниците ќе бидат во првите борбени линии и би требало да се почитуваат како и лекарите и другите професии.Децата да одат во училиште да се дружат на дистанца.

Како и секоја учебна година така и сега пред почетокот добро е да се вратат во ритам во однос на рано станување, рутина. Добро е предходно две недели децата да се навикнуваат на рано станување. Тоа ќе важи и за оние кои физички ќе присуствуваат, но и оние кои ќе учат “он-лајн“.

Нема потреба децата да се подготвуваат да учат претходно или да го повторуваат матријалот од минатата учебна година, бидејќи првиот месец е предвиден да се обнови знаењето. Може само да ги насочуваат децата да читаат книги. Исто така добро е што повеќе да посветат на играње и опуштање.За родители на тинејџери

Посебно внимание де се обрни на тинејџерите кои заради долгиот период на учење од дома, потоа летениот  распуст продолжен заради одложениот почеток на учебната година. Со ова тие обично легнуваат доцна и имаат променет ритам на спиење. Нив ќе им биде тешко да се вратат во рутина, да стануваат рано бидејќи ќе треба да следат  “он- лајн“ настава.

-Нека ги подготват да стекнат рутина на станување како за во училиште, но со разлика часовите ќе бидат од дома.

-Да се  облечат, појадуваат, и сериозно да пристапат кон он-лајн наставата.

-Да ја следат внимателно, да бидат активни на часот. 

-После часовите да ги извршуваат зададените задечи од наставникот.

-Може да се насочат да бидат креативни и да си направат училишно катче кое ќе им биде пријатно каде ќе бидат подготвени за “он-лајн“ настава,часови. Добро е тоа да биде на работна маса за да можат  да пишуваат, да има место за лап-топ во зависност како детето ќе ја следи наставата со лап топ или телефон. Со тоа ќе се  одбегне  часовите “он-лајн“  да се пратат од  кревет.  (не се препорачува следење он лајн настава во кревет по пижами)

На тој начин со контрола и наставата од дома ќе има успех.  Родителите се тие кои треба на овој начин да ги насочуваат своите деца кои ќе учат од дома. 

Исто така да внимаваат тинејџерите да не поминуваат долго време со телефон или компјутер, за да не развијат зависност од игри и социјални мрежи.  

Треба да се кажа дека “он-лајн“ наставата за некои родители оправдано може да биде оптоварување во смисла ако имаат само  еден компјутер дома, треба да се вклучат повеќе деца па и  возрасен кои мора да работи од дома. Заради ова потребно е на учениците имаат смарт телефони  од каде ќе се вклучуваат. Ако имаат проблеми да го известат училиштето, класниот раководител, наставникот.

Често родителите се срамат да се побунат против некои работи кои се нормални, а исто така потребни се и трошоци, дека можеби немаат штампач или два лаптопи, компјутери за секое дете дома. Заради тоа потребна е добра комуникација со училиштето и наставникот. Не би требало да постои срам, да се најде начин да се спроведе, мораме да комуницираме, никој не треба да се срами посебно во време на пандемија од корона вирус кога постои економска и финансиска криза. Со отворено зборување и комуникација може да се најдат начини за решавање на проблемот.