Press "Enter" to skip to content

Совети за самоодбрана: одбрана кога нападот доаѓа од назад со фаќање на рака

Ѓуро Илиќ од Битола е основач на будо-ценатот од Битола, џудо мајстор 6 Дан и аикидо мајстор 7 Дан, преку неколку фотографии ќе покаже како да се одбраните од напад, кога нападот доаѓа од назад, а напаѓачот не фаќа за рака, со примена на техника од реален аикидо.

Одбраната од напад, кога нападот доаѓа од назад, кога напаѓачот, со десната рака не фаќа за лева рака-во пределот на дланката, започнува со тоа што прво се завртуваме кон него и со лева нога пласираме удар во градите на напаѓачот. Потоа одбраната продолжува така што со десната нога ја избиваме десната нога на напаѓачот, врз која е 70% префрлена неговата стабилност. После избивањето на неговата нога пласираме удар во пределот на неговата десна слепоошница, со што го неутрализираме напаѓачот.

На фотографиите прикажана е одбрана со примена на техника од реален аикидо.