Press "Enter" to skip to content

Втора победа на вториот ден на Еурофарм Пелистер во Атина, утре во борба за пехар

Диомидис Аргоус – Еурофарм Пелистер 21:31 (11:17)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола ја запишаа втората победа на турнирот во Атина, со победата над екипата на Диомидис Аргоус со резултат 21:31, 

Ракометарите од Битола во текот на сите 60 минути имаа резултатска предност, а по 20 минути игра за кои може да се рече дека беа неизвесни, следуваа дестина минути доминација на Еурофарм Пелистер, за на полувреме да заминат со +6 (11:17).

Со старт во вторите 30 минути со позитива од 6 гола, грците немаа можност за престврт,  а екипата од Битола постојано се зголемуваше водството, кое беше и со двоцифрена предност за конечни 21:31.

Со оваа победа екипата на Еурофарм Пелистер утре во Атина ќе се обиде да ја победи и екипата на  АЕК и пехарот да го донесат во Битола.