Press "Enter" to skip to content

Традиционалната ликовна изложба за 8. Септември поставена на платото пред Монмарт во Битола (фотогалерија)

Традиционална ликовна изложба по повод  8. Септември – Денот на независноста на Македонија, која ја организира Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј“ од Битола, годинава е поставена во Старата чаршија во Битола, поради ковид мерките.-Не сакаме да ја прекинеме традицијата за поставување на оваа изложба која секоја година ја организираме на која се изложени дела на децата кои цртаат на Малиот битолски монмарт во Битола. Оваа традија трае веќе 2о години, а година таа е поствена во центарот на Чаршијата во Битола, пред домот на “Монмартр“. Тука се озложени најдобрите дела, односно како ние сакаме да кажеме, бисерите на малиот битолски Монмартр, од најдобрите колекции кои ние ги имаме.Изложбата е поставувана во Скопје, Прилеп е една година и во Москва, Русија. Планот беше годинава да биде поставена во Македонскиот културен центар во Истанбул, Турција, но со оглед на состојбата ја претставуваме во Битола, пред нашите сограѓани, во малку поинаква форма на отврорено, вели Елена Хаџи Антонова, од Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј“ од Битола.Изложбата е поставена вчера и делата ќе бидат изложени три дена, од 12 до 15 часот.-На оваа изложба, за жал, нема дела од 2020 година, бидејќи поради пандемијата Фестивалот не се одржа. Имаме претставено околу педесетина дела, кои се врамени и поставени на стилски изработени ликовни штафелаи, додава Елена Хаџи Антонова, која вели и дека подготовките за 40 јубилејно издание за 20121 година се започнати, а првата активност е објавувањето на кокурсот овој месес, во септември, а во мај очекуваат 150 деца од цел свет. Традиционална ликовна изложба по повод  8. Септември – Денот на независноста на Македонија, која ја организира Детското ликовно студио “Св. Кирил и Методиј“ од Битола, битолчани ќе можат да ја погледаат уште утре од 12 до 15 часот, пред платото на “Монмарт“ во Битола, во старата чаршија.С.Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »