Press "Enter" to skip to content

Голем бод за фудбалерките на Топ гол од гостувањето во Речица

Речица – Топ гол 2:2 (1:1)

Во рамките на 5 коло од ПМФЛ за жени екипата на Топ гол од Битола освои бод на гостувањето во Речица, играјќи со истоимената екипа.

Фудбалерките од Битола, со конечен резултат од 2:2, полувреме 1:1 се вратија непоразени во Битола и прокнижија бод на своето бодовно салдо.

Головите за Топ гол ги постигнаа Бумбаровска во 43 и Петровска во 81 минути.

-Голем бод за нас. Честитки на моите фудбалерки за борбена игра за време на целиот натпревар. Денес покажавме силен карактер и на два пати успеавме да се вратиме резултатски. Овој бод многу  ќе влијае на подигнувањето на нашата самодоберба и јакнење на победничкиот дух, изјави Кире Грбевски шефот на стручниот штаб на Топ гол.

За Топ гол настапија:Ничевска, Бумбаровска, Нешковска, Гоцевска, Китанова, Талевска, Петровска, Гелевска, Јанковска, Љондевска и Ковачева уште играа Размовска, Трајчевска и Стојковска.

Следното 6 коло се игра ова сабота, а Топ гол ја пречекува во Битола екипата на Пљачковица.