Press "Enter" to skip to content

Попладневна планинска тура од “Вилата на Лазо“ до Палиснопје, Пелистерски патокази (30) (фотогалерија)

 

По половина час со автомобил од Битола до Инфо центарот на НП “Пелистер“, за околу 2 часа пешачење, секако со одмор, ќе поминете 7 километри по планински пат во двата правци, низ сенки, со неколку планински шешми, ќе дишите планински воздух, а на Палиснопје ќе се напиете “камен“ ладна вода.

Се пандемијата се променија многу навики, а не останаа имуни ниту граѓаните на Битола, кои се повеќе време поминуваат во природа, со пешачење, возење велосипед, планинарење… Ридовите околу Битола, Смолево, Тумбекафе, Снегово, Баирот се места кои редовно се посетуваат, а Пелистер е традиционално посетен од битолчани. Оние кои се во подобра физичка кондиција се искажуваат до Јоргов Камен, Црвени Стени, Големо Езеро, Вртешка, Антена…Но, за оние кои поради разни причини не можат да стигнат до овие места, а сакаат да “избегаат“ од Битола, да престојуваат на планина, на Пелистер, можеби најдобра е рутата од Инфо центарот на НП “Пелистер“ до Палиснопје, која е рекреативна и лесна за пешачење.Планинарската тура е долга 7 километри, а со лесно темпо во двата правци ќе пешачите околи час и половина, уживајќи во убавиот поглед од планината, во попладневни сенки. Иако бевме по оваа рута во работен ден имаше раздвиженост, но секако тоа не е бројка која би ја посакале.-Ние не сме од Битола, од Охрид сме, ни рекоа брачен пар, кои како ни рекоа најповеќе уживаа по погледот на камењарот, на камените реки и додадоа:-Влубеници сме во фотографијата, па денес се одлучивме тука на Пелистер да направиме фотосесија. Има многу за “сликање“ па така поминувамве 4-5 часа по оваа патека во Палиснопје, малку се одморивме од гужвите во Охрид, уживавме во природа, ни рекоа радосни за прекрасно поминатато попладне.На оваа патека го сретнавме и фудбалерот, Тоше Соколов, кој како рече дел од неговите индивидуални подготовки ги прави тука.-Јас сум, како да кажам, полупрофесионален фудбалер, играм за тимот на Еуромилк од Лисиче, Скопје, во Втората фудбалска лига. Сега живеам и работам во Битола, а дел од подготовките, кои за жал поради ковод-19, ги изведувам индивидуланно. Како фудбалер би препорачал тука да се тренира 2-3 пати неделно, со трчање и посилни физички активности, а како нутриционист и фитнес тренер оваа патека ја препорачувам како почетка за престој на планина. Посебни оние кои имаат поголема телесна тежина, без многу напор, со престој на висина и навикнување на планинскиот воздух, а потоа и пешачење на поголеми далечини.По патот кога се качувавме со автомобил на Пелистер ги сретнавме и младите велосипедисти на Пелистер кои го група, лесно стигнуваат до хотелот “Молика“.-Ние во летниот период, кога има поголеми температури сме секој ден тука на Пелистер, поради тоа што голем дел од патот се наоѓа во сенка, а тренираме и за трката која кон крајот на септември ќе се одржи во Битола, а ќе се вози до Ниже Поле. На оваа патека кон Палиснопје, нашите велосипедисти кои се натпреваруваат друмски велосипедозам не тренираат, но самоиницијативно тоа го прават. Нашата секција на велосипедисти – рекреативци, кои возат планински велосиедизам се редовно тука, а од тука е патот до Антена и Големо Езеро омиленитени целни локации од Битола, вели Африм Јусифи, тренер на велосипедистите на Пелистер 15-Мај.Кога ќе се стигне до Палиснопје, таму ќе се сретните со дел од историјата на Битола и Македонија. Тука е спомен плочата во чест на 48 -те загинати македонски востаници од Битолско-демирхисарскиот крај во битката со турската војска, позната како Пелистерска битка, случена во реонот на Цапарска Пресека и Палиснопје на 22 септември 1903 година, а кои се погребани во заедничката гробница во Цапари.Кога сме кај Палиснопје, ќе се одморите на новите клупи кои ги поставија вработените од Националниот парк парк “Пелистер“, ќе уживате во ладна вода или лубеница-ако со ја донесете до таму, а може да се продолжи кон Копанки и кон Цапарска Пресека па се Антена.

Текст и фото: С. Ристевски