Press "Enter" to skip to content

Кире Грбевски и Топ гол на средба со Влатко Андоновски селектор на САД во женски фудбал (фото)

Младите фудбалерки на Топ гол од Битола, заедно со нивниот тренер Кире Грбевски има огромна чест и задоволство да бедат дел од средбата со Влатко Андоновски селекторот на Американската женска фудбалска репрезентација и Кејт Мари Брнз, амбасадор на САД.На средбата која ја организираше Амбасадата на САД, Влатко Андоновски накратко на младите фудбалерки од Битола, им го пренесе своето искуство како тренер во САД, и врз какви принципи се темели тренажниот процес во САД.Во своето обраќање Андоновски со совети и насоки ги мотивираше младите фудбалерки на Топ Гол од Битола и од другите екипи, да продолжат да тренираат напорно и да веруваат во своите способности.Амбасадорката во својот говор потенцира колку е важно да се спортува и како спортот ги поврзува Македонија и САД заедно.