Press "Enter" to skip to content

Објавен конкурсот на “Битолски книжевен круг“ за годишните награди

Друштвото на писатели „БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ“ од  Битола, во рамките на меѓународната манифестација „Битолски книжевни паметења“, која се одржува во Битола, објавува конкурс за годишните  награди за необјавени книги поезија, проза и книжевна критика (за автори од Македонија), и награда за книга од странски автор напишана или преведена на македонски јазик.

Сите награди се состојат од диплома, печатење и промоција на наградените книги.

Ракописите, комплетно графички уредени да се испраќаат на адреса bkkmanifestacija@gmail.com, во Word и pdf формат до 1 октомври 2020 год. 

Во категоријата поезија обемот на ракописите да биде од 60 до 80 страници, во категоријата проза – од 80 до 100 стр., додека во категоријата книжевна критика од 100 до 130 страници.

Ракописите се испраќаат во А5 формат, фонт Times New Roman со единечен проред и големина на фонтот 11 pt. 

На конкурсот немаат право да се пријават членовите од раководството на Друштвото на писатели „БИТОЛСКИ КНИЖЕВЕН КРУГ“ – Битола и досегашните добитници на награди во која било категорија.  

More from КултураMore posts in Култура »