Press "Enter" to skip to content

Илија Ристевски и Андеј Јошевски започнаа да градат интернационална фудбалска кариера

Битола од денес е побогата за двајва фудбалски интернациналци, откако младите биточчани Илија Ристевски и Андреј Јошевски потпишаа едногодишни договори со црногорската екиоа Бокељ од Котор, со можност за продолжување на договорот.

Пред десетина дена заминаа од Битола, двајцата договорија да бидат во Котор, да се претстават пред которската управа, а веќе денес е официјализирана соработката.

-Одлично сме прифатени од тренерот, фудбалерите на Бокељ, како и од целиот тим во Котор. Среќни сме за тоа што ќе се претставиме ние, а со нас и Битола во Црна Гора. Ние можеме сега да ветиме дека ќе дадеме се од себе да ја оправдаме довербата која ни ја даде Бокељ, ни рече во краткиот разговор по вибер комуникација, Илија Ристевски.

Илија Ристевски е фудбалер по левата страна, дефанзиве, кој знае да биде опасен и во нападот, замина за Котор како играч на Пелистер од Битола, а претходнате сезона играше за Питу Гули од Крушево. Андреј Јошевски е класичен напаѓач.

More from БитолаMore posts in Битола »