Press "Enter" to skip to content

И Будо центарот се “пресели“ во Градскиот парк во Битола (фото)

Поради немање на протоколи за тренинг и натпревари за боречки вештини членовите на џудо клубот Пелистер од Битола се “пресели“ во Градскиот парк.За оваа одлука да се тренира во паркот, тренерот Ѓуро Илиќ, мајстор по џудо и реален аикидо, вели:-Се уште немаме протоколи за тоа како да ги изведуваме тренинзите во затворен простор, односно во нашиот случај, во Будо центарот во Битола, каде работиме веќе педесетина години. Но, се надеваме дека и нашата ферерација за брзо ќе ги изготви протоколите, како и за другите боречки вештини, па затоа мора да се подготвуваме. Работиме тренинзи во градскиот парк, секако со ограничени активности, а се надеваме дека ќе се подготвиме за наредните државни првенства и полагање за појаси.-Ова време, додава Илиќ, го искористевме и за подготовка на нови видео материјали, кои за брзо ќе ги промовираме, кои се дел од нашата програма за оваа година, која за нас беше јубилејна, славевме 50 години, џудо клуб Пелистер во Битола.