Press "Enter" to skip to content

Зоран Пејковски награден со плакета за најдобра песна на “Празник на липите“

Поетот, Зоран Пејковски од Битола е добитник на наградата за најдобра песна „Празник на липите 2020“ за песна во духот и традицијата на македонската исконска поезија, пеана, препејувана и апсолвирана, манифестација организирана од Друштвото на писатели на Македонија.

Манифестацијата се одржа на платото пред Младинскиот културен центар во Скопје, според протоколите за организирање културен настан во услови на пандемија.Инаку, оваа награда Зоран Пејковски од Битола, ја има добиено за прв пат ја добив 2012 година.

Наградата „Книжевен жезол 2020“ ја доби македонскиот поет Михаил Ренџов, а странскиот добитник на жезолот е словачкиот поет Мирослав Биелик.

Пејковски како и останатите добитници на наградите и сите кои учествуваа на конкурсот за најдобра песна на манифестацијата оваа година читаа свои песни.

More from КултураMore posts in Култура »