Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: една поинаква изложба во организација на Драги Филевски и колонија “Де Ниро“ (фотогалерија)

Повод за написот оваа недела, во рубриката “Деновиве пред 10 години“ е една изложба која пред 10 години, во ова време остави трага во ликовниот живот во Битола, во начинот на кој тогаш, а и сега се отвораат ликовните изложби, а за тоа се погрижи Драги Филевски и неговиот тим од ликовната колонија “Де Ниро“ од Битола, започна со сеќавањата за тоа што се случувало во 2010 години, во септември, Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Меѓународната ликовна колонија „Де Ниро” во изложбениот салот “Магаза” во Битола, организира изложба на црногорскиот ликовен уметник, учесник на колонијата, Драган Мијач-Бриле, а за битолчани, оние вистинските љубители на ликовната уметност, оваа изложба претставуваше вистинско културно исвежување и истовремено одушевување.Битола и ликовните уметници  на специфичен начин поблиску го запознаа не само авторот, туку и неговите ликовни дела и она што, всушност, е тој. А тој е уметник кој на своите дела им дава драматуршка форма, а ликовната изложба на Драган Мијач-Бриле беше прва негова самостојна изложба во Битола.-Црногорскиот уметник, ние во Битола, го запознаваме преку реномираната традиционална ликовна колонија „Де Ниро” во организација на Драги Филевски, а тој е еден од најпознатите ликовни уметници на Црна Гора, но и многу пошироко на балканските простори. Самиот се прокламира како безвремен вљубеник во Македонија, што тогаш ми остави голем впечаток, се сеќава Миновски.Делата на Драган Мијач – Бриле беа поместени на оваа изложба насловена како “Леб и вино“, па затоа имаше и специфична сценографија, на која никој не остана рамнидушен, а се беше во знакот на лебот и виното.На оваа изложба брачниот пар Драги и Силвана Филевски добија посебна плакета за нивното помагање на ликовната уметност. На отворањето зборуваа црногорскиот почесен конзул во Битола – Мики Андријашевиќ, Панде Петровски и Панде Манојлов.

-Иако времето беше врнежливо, сепак перформансот се одржа на отворено во дворот на “Магазата“ во Битола, а присутвуваа и голе број на љубители во ликовната уметност од Битола и други градови, има запишано во својот новинарски бележник, како вели Димче Миновски, за 2010 година, како еден од позначајните културни настани.

More from КултураMore posts in Култура »