Press "Enter" to skip to content

Домашна победа на фудбалерките на Топ гол, победена Пљачковица (фото)

Топ гол – Пљачковица 4:1 (2:1)

Нова победа на женската сениорска екипа на Топ гол од Битола, во рамките на 6 коло од ПМФЛ за жени. На натпреварот кој се одигра на фудбалското игралиште“ Павел Шатев“ во Битола, Топ гол ја совлада екипата на Пљачковица со конечен резултат од 4:1, на полувреме 2:1.Ова е втора победа на фудбалерките од Битола во досегашниот дел на првенството со кои прокнижија нови три бода на своето бодовно салдо. Стрелци на головите за Топ гол беа: Размовска и Бумбароска по еден и Петровска со два погодоци.-Упатувам честитики и пофални зборови за остварената победа кон фудбалерките. Жалам за пропуштените шанси и можноста да победиме со повисок резултат. Имавме згуснат распоред, играме сабота-среда- сабота и за две недели изигравме 5 натпревари. Заморот си го прави своето. Во следниот период ќе мора да се одмориме и да ја вратиме свежината во тимот, изјави шефот на стручниот штаб Кире Грбевски.За екипата на Топ гол настапија: Ничевска, Бумбаровска, Размовска, Нешковска, Китановска, Гоцевска, Талевска, Петровска, Јанковска, Љондевска и Ковачевска, а  уште играа Вељановска, Димитровска и Стојчевска. 

Следното 7 коло екипата на Топ гол гостува во Кочани на истоименета домаќинска екипа.