Press "Enter" to skip to content

Заврши “Фестивалот на староградска музика и вино“ во Чаршијата (фотогалерија)

Последната, втора вечер на “Фестивалот на староградска музика и вино“ кој викендов се одржа во Старата битолска чаршија во Битола, помина во одлична атмосфера, а дел од гостите понесени од звуците на староградската музика, вечерта ја завршија со валцер.А, за оваа втора вечер да остане во сеќавање на присутните битолчани од чаршијата во Битола, пред “Малиот битолски монмартр“ се погрижија групата “Деспина“, “Чупињата“, Марија Груевска, Тамара Стојковска и Борче Наумовски, а добрата музика беше надополнета со вината на винаријата “Чифлик“.Амбиентот на старата битолска чаршија во Битола, повторно се исполни со звуците на старите песни, народни и оние обнародени, кои некои сношти со прави ги нарекоа “битолски шлагери“, кои заедно го изведувачите ги пееја и гостите.Манифестацијата „Фестивал на староградска музика и вино“ се одржува во Битола, трета година по ред, а организаторот сака на некој подруг начин да го врати сјајот на битолската чаршија.Многу битолчани сакаат  се присетат на еден период поточно во 80-90 години, кога тука беа кафулината, а повозрасните на некое друго подалечно време, кога тука беа занаетите, кафаните…, а улиците беа корзо и шетање.Потребни се повеќе манифестации, со различни содржини, со кои би се вратиле традициналните и културни вредности кои и ги поседува оваа чаршија, а и секако Битола.