Press "Enter" to skip to content

Прва победа на Еурофарм Пелистер 2 во оваа сезона (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер  – Работнички 35:23 (16:12)

Спортска сала “Боро Чурлевски“ во Битола

Играно без публика.

Судии: Ангелевски и Седловски.

Пелистер: Димитровски 7, Петровски 5, Бардаковски, Блажевски 3, Димитровски 1, Стоилевски, Дрогришки 7, С. Талевски 3, Арсеновски 2, Ивановски, Јовановски, Митревски 2, Кузмановски 9, Ј. Талевски.

Работнички: Јакимовски 2, Чакалиќ 2, Ташевски 2, Ќосевски 6, Димевски, Ангеловски, Х. Чакалиќ, Ангелковски 1, Николовски 1, Добревски, Виларов, Крстевски 4, Атанасовски 4, Дука 1, Гогов.Во второто коло од Супер лигата во Битола, екипата на Еурофарм Пелистер 2 лесно и убедливо ја совлада екипата на Работнички со 12 голови разлика. Екипата од Битола беше фаворит уште пред да започне натпреварот, а гостите се понадеваа само во првите минути кога беше 3:3, а потоа работите си дојдоа на свое место. По разликата од 5:3, Еурофарм Пелистер направи разлика од +4 (9:5) за одмор да се отиде со иста разлика од 16:12.По одличните одбрани на Филип Ивановски и секако со добра игра во одбраната на стартот на второто полувреме екипата од Битола направи разлика која беше недостижна, а во еден момент имаа и 12 голови предност во 48. минута првпат предноста беше двоцифрена 27:17.  На крајот екипата на Александар Јовиќ со осум гола разлика ја запиша својата прва победа оваа сезона во машката супер ракометна лига. Најефикасни во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беа Кузманоски со девет и Дрогришки со седум гола.Во третото коло в петок, битолчани гостуваат во Богданци.