Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола продолжува сончевото и топло време

Денес и утре ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачост. Во четврток попладне и во петок ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бидат во опаѓање.

Денес, вторник, 15 август, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Температурата до 28°С.

Утре, среда, 16 август, времето во Битола ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од источен правец. Температурата до 28°С.