Press "Enter" to skip to content

Ана Котевска од Битола го освои врвот Арарат “Покривот на Турција“ на 5.137 (фото)

Ана Котевска, алипинистка од Битола, член на ПСК Копанки, денес го искачи највисокиот врв во Турција, на планината Арарат на 5.137 метри надморска висина, кој е познат и како “Покривот на Турција“. 

На врвот, нејзината цел, кој денес беше постигнат Котевска ги развеа знамињата на  компаниите “ЈК Травел“ и “SN финансиско друштво“ кои денес до Ана испратија и посебни честитки.-И честитаме за овој нејзин подвиг …. и до следните нејзини врвови ја бодриме. Со “ЈК ТРАВЕЛ“ нема неостварени желби. Секогаш на врвот и секогаш поддршка за оние кои целат кон врвот. Ана, ја поддржавме во оваа нејзина мисија, а таа ни ја подари оваа фотографија со знамето на “SN финансиско друштво“, која ќе биде убав спомен во нашето броење на постигнати врвови во нашата дејност и во поддршка на оние кои сонуваат за планинските врвови. Ана, честитки и со тебе сме, стои во честитките на двете компании до Ана Котевска.