Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: нападната жена и пожар на тревна површина и тераса

На 16.09.2020 во СВР Битола, 35 годишна жена од Битола пријавила дека била физички нападната од 18 годишник. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Во СВР Битола било пријавено дека настанал пожар на тревната површина и тераса на ул. „Караорман“ во Битола, зад куќата сопственост на Ш.К., во која живее Ѓ.В. (35). Пожарот бил изгаснат од Ѓ.В. и негов роднина. Увид извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.