Press "Enter" to skip to content

Во Битола едно починато, четири новозаболени, тројца оздравени од ковид-19

По подолго време денес во Битола регистрираме еден починат пациент заболен од ковид-19 на возраст од 79 години. Исто така се регистрирани и четири новозаболени лица во Битола, а оздравени се тројца пациенти болни од ковид-19.

Во Битола со последните случаи има вкупно 249 лици кои биле позитивни на ковид-19, од кои активни се 51.

Во последните 24 часа се направени 1721 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19.

Починати се 7 лица од едно лице од Битола  на возраст од 79 години.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 132 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 169.481 тестирања на ковид-19. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16088, бројката на оздравени пациенти е 13550, на починати е 668, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1870.