Press "Enter" to skip to content

Временска прогноза: во Битола денес сончево топло со мала до умерена локална облачност

Утре попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните подрачја. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Денес, среда, 16 септември, времето во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управара за хидрометеоролошки работи, ќе биде сончево топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Температурата до 29°С.

Утре, четврток, 17 септември, во Битола, времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има услови за краткотрајна нестабилност со пороен дожд, грмежи и повремено засилен ветер. Температурата до 28°С.