Press "Enter" to skip to content

12. издание на “Фестивалот на музика од светот“ во Битола започнува в петок со перформансот “Патеки“ (фото)

Прес-конференција во кафулето “Порта џез“ се одржа денес, по повод 12. по ред издание на “Фестивалот на музика од светот“ кое ќе се одржи од 18 до 20 септември во Битола. На прес-конференцијата зборуваа директорката на Центарот за култура од Битола – Маја Андоновски Илиевски, диригентот Владимир Димовски и режисерот Јован Ристовски.

 Во име на организатор, НУ Центар за култура-Битола, зборуваше директорката Маја Андоновска-Илијевски која рече:-Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно, зошто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома, а за програмата на првиот ден на Фестивалот таа додаде:

-Во трите фестивалски денови публиката ќе може да ужива на Хераклеја на 18 септември каде ќе биде изведен музичко-актерскиот перформанс “Патеки“. Во изведба на Камерниот оркестар на Битола со настап на специјалниот гостин од операта во Малме – Шведска – Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска. И актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов. Целиот перформанс е во режија на Јован Ристовски.

Диригентот Владимир Димовски, кој и в петок ќе диригира со Камерниот оркестар ги покани битолчани да просуствуваат на овој концерт на отворено, на кој ќе има квалитетни изведби, а не ја пропушти приликата уште еднаш да ја потсети власта, за ставање на Камерниот оркестар во една културна институција, како и му доликува на овој, сега веќе реномиран камерен оркестар.Целиот перформанс насловен “Патеки“ е во режија на Јован Ристовски, кој на прес-конферанцијата зборуваше за тоа од каде идејата и за тоа од каде црпел инспирација за режирање.На 19 септември е сместена “ОФФ програмата“ со пладневен концерт на “ConTruDJ“ во кафулето “Интермецо“ и со вечерната програма, “Ноќ на џез” во битолската “Порта Џез“. На последната вечер, на 20 септември е најавен концертот на Владимир Четкар, гитарист, вокалист, композитор, аранжер и музички продуцент кој живее и работи во Њујорк, кој ќе се одржи во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола со почеток 19,30 часот.Влезниците се веќе во продажба, по цена од 200 денари. Концертите и настаните ќе се одржат по сите протоколи кои се предвидени за вакви настани.  Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Битола и “Кромберг & Шуберт“.

More from КултураMore posts in Култура »