Press "Enter" to skip to content

Драмското студио “Солза и Смеа“ од Битола снима телевизиска серија од 11 епизоди (видео)

Објавен е официјалниот трејлер за новата телевизиска серија на драмското студио “Солза и Смеа“ од Битола, насловена “Непријател“.

Серијата е снимена во Битола и битолско, а се состои од 11 епизодни изданија. Во приказната се раскажува за еден крадец, кој влегува во куќа на познат политичар, каде од неговиот дом ќе укради експлицитни снимки.

Во „Непријател“ покрај стандардната екипа на театарот „Солза и Смеа“ се појавуваат и некои од постарите членови, голем број на актери од Народниот театар во Битола, како и неколку јавни фаци од битолската сцена.

Серијата е во завршна фаза и се очекува да почне со емитување наредниот месец на национална телевизија.

До тогаш погледнете дел од сцените кои се објавени во трејлерот.