Press "Enter" to skip to content

Бендот “Инстинкт“ со нова песна “Свет“ и спот за неа (фото+видео)

Бендот “Инстинкт“ составен од 4 тинејџери на возраст од 18 години, од кои: Јован Симоноски – вокал и гитара, Филип Веловски – бас гитара, Деан Настевски – тапани и  Давид Арсовски – соло гитара ја објавија нивната прва песна “Свет”  и спот за истата.Песната обработува тема на секојдневниот тинејџерски живот, преплавен со несекојдневни случувања и збунетост.

Песната „Свет” e снимена, миксана и мастерирана од страна на Ангел Ќосев во Студио „Подрумот”, спотот е дело на креативните “Pinestel“ (Пеце Здравковски). Текстот, музиката и аранжманот на песната беа создадени од целиот бенд – Инстинкт.Инаку, бендот ,,Инстинкт” е формиран во 2018 година во Ресен од страна на сегашните членови.Идејата на Инстинкт е ширење љубов, позитивна енергија и многу насмевки.