Press "Enter" to skip to content

ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола, еден ден, во сабота, во Пацио

Управниот одбор на Друштвото на филмски работници на Македонија донесе одлука дека ИФФК „Браќа Манаки“  ќе биде одбележан со еден централен настан во Битола, што ќе се одржи на 19 септември во Пациото на Музејот на Битола, со најмногу 80 гости.

Во Битола ќе се обратат покоровителот на фестивалот, Претседателот Стево Пендаровски,  Градоначалничката  – Наташа Петровска, Амбасадорката на САД, Н.Е. Кејт Мари Брнз, Претседателот на ДФРМ, Игор Иванов, и Гена Теодосиевска, директорка на фестивалот, и се надеваме и Министерката за култура, Ирена Стефоска.

Добитникот на „Златната камера 300 за животен опус“ Јануш Камински ќе се обрати преку видео врска.

На режисерот Столе Попов ќе му биде врачена наградата што ја доделува ДФРМ „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.

Видео обраќање до фестивалот очекуваме да има и новиот Претседател на Меѓународната асоцијација на кинематограферите (ИМАГО), Кејс Ван Острум.

More from КултураMore posts in Култура »