Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ организира заедничко дружење на Тумбе Кафе

На иницијатива советничката група “Поинаку“ која е дел од Советот на Општина Битола, на култното Тумбе Кафе над Битола, имаше заедничко дружење со битолчани од 7-77 годишна возраст, за што од “Поинаку“ велат:
-Го искористивме релаксирачкиот момент и мирот кој го нуди ова место, засладено со турско кафе и локум се потсетивме на едни убави времиња кога во Битола навистина се живееше и функционираше оваа култна меана од времето на Керим Паша, се до 1987/88 година. Оваа скромна акција, дружба и иницијатива се надеваме дека ќе допре до надлежните институции кои ќе се сетат дека во Битола има многу оставени и руинирани објекти кои се со огромно значење за битолчани и потенцијалните туристи кои го посетуваат нашиот град.