Press "Enter" to skip to content

Пет новозаболени во Битола, оздравени четворица од ковид-19

Во последните 24 часа се регистрирани четворица битолчани кои се новозаболени од ковид-19. Во Битола денес имаме и четворица оздравени од ковид-19. 

Инаку, вкупно, се направени 1.545 тестирања, а регистрирани се 144 нови случаи на ковид-19.

Починати се 8 лица, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 172.700 тестирања на ковид -19.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.417, бројката на оздравени пациенти е 13.732, на починати е 683, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2002.