Press "Enter" to skip to content

Со перформансот “Патеки“ во Хераклеја започна 12. издание на “Фестивалот на музика од светот“ во Битола (фотогалерија)

Вечерва со почитување на сите мерки за заштита од ковид-19, во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, започна 12. по ред издание на “Фестивалот на музика од светот“ кое се одржува до 20 септември во Битола.Вечерва на отворено беше изведен музичко-актерскиот перформанс “Патеки“, во изведба на Камерниот оркестар на Битола со кој раководеше диригентот Владимир Димовски, а како режисер беше Јован Ристовски.Камерниот оркестар на Битола настап со специјалниот гостин од операта во Малме – Шведска – Дарко Нешовски, потоа солистите Наде Талевска, Бојан Стојков, Ирена Димовска, Тамара Стојковска.Како дел од “Патеки“ се појавија и актерите Анастазија Христовска, Здравко Стојмиров, Живко Борисов и Никола Стефанов.-Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет, а нашите уметници ги поддржуваме целосно, зошто само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ќе се спои со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, но создадени дома, рече директорката на Центарот за култура од Битола – Маја Андоновски Илиевски.Утре, 19 септември е “ОФФ програмата“ со пладневен концерт на “ConTruDJ“ во кафулето “Интермецо“ и со вечерната програма, “Ноќ на џез” во битолската “Порта Џез“.На последната вечер, на 20 септември е најавен концертот на Владимир Четкар, гитарист, вокалист, композитор, аранжер и музички продуцент кој живее и работи во Њујорк, кој ќе се одржи во Пациото на НУ Завод и Музеј – Битола со почеток 19,30 часот.

С.Ристевски