Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер 2 со победа го гости, победена удедливо Младост Богданци

Младост Богданци – Еурофарм Пелистер 2 22:30 (9:16)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 од Битола, вчера ја забележа втората “врзана“ победа и прва победа во гости, победувајќи ја екипата на Младост Богданци, убедливо +8 голови, 22:30, полувреме 9:16.

Момците на Александар Јовиќ во тимот од Битола, на оваа средба функционираше одлично, од голот на кој беше одличен Ивановски, во одбраната како и во нападот. Првото полувреме започна со водство на Еурофарм Пелистер 2, а на средина на полувремето беше +3 (3:6), во 20. минута +4 (5:9), а на полувреме 9:16 или + 7 за битолската екипа.

По десет минути игра во вториот дел, во 40 мунита беше +9 (13:22), а истата разлика се одржуваше до крајот на натпреварот. Во 50. минута беше 18:27, а на крај семафорот покажа 22:30.

Најдобар “сртелец“ во Еурофарм Пелистер 2 беше Кузманоски со осум гола, пет постигна Јован Талевски, а по три имаа Арсеновски и Дрогришки.