Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: 25. роденден на навивачката група “Чкембари“ (мегафотогалерија)

Иако како хроничар на Битола пишувам за разни настани во рубриката “Деновиве пред 10 години“, сепак најдраги ми се написите и сеќавањата кои ги споделувам со вас за спортот во Битола, како спортски новинар. Овој пат посебно ми е мило што ќе го потсетам љубителите на спортот во Битола, за еден голе спортски јубилеј кој се случи во 2010 година, во септември, како најава за тоа што ќе се случи деновиве, запона со своите сеќавање Димче Миновски, доајен на битолското новинарство.-Се работи за 25. роденден на навивачката група “Чкембари“ од Битола, а беше достојно одбележан со многу настани, со навивање, со хуманитарни настани, со изложби, со сечење на роденденска торта, вели Миновски, и додава:-На сите во Битола добро позната навивачката група “Чкембари“ која е формирана во 1985 година, кои се основачите, како се навувало… па затоа нема да “филозофирам“ за нив иако сите од тогаш ми се добри пријатели и до ден денес се почитуваме, тука само ќе набројам како се прослави тој 25, по ред роденден, како ми е забележано, кога се сечеше роденденската торта.-Широк Сокак беше во зелено-бела боја, од “Магнолија“ па надолу, со што се најави јубилејот.-Се отвори изложа на фотографии и сеќавања која ја подготвија и на неа зборуваа моите колеги, спортските новинари Сашо Ристевски и Зоран Мишевски кои остана и до ден денес на истото “работно место“.

-Тогаш се сече и роденденската торта, со јубилејниот знак, која ја пресече највозрасниот “чкембар“ Вања – Американецот.-Се организира крводарителска акција, на која бројот на пријавени беше толку голем, што не успеаја сите да даруваат крв.-Се одигра пријателски натпревар во мал фудбал, на кој игра ветераните-основачите на навивачката група “Чкембари“ против младите, односно како рекоа млади на стари.-Се навиваше на градскиот стадиот под Тумбкафе, со голема “баклијада“ со многу пиротехника, со многи транспаренти, подготвени за овој роденденски повод, а пред натпреварот беа веени знамињата на подгрупите на “Чкембарите“.-Веднаш од “на фудбал“ се замина “на ракомет“, а таму вечно дерби Пелистер – Вардар, а во затворениот простор на спортската сала “Младост“ целата трибина беше зелено-бела со балони, а се покажаа и многу транспаренти.-Секаде се пееја навивачките песни на кои се посебно горди “Чкембарите“, а да не ги набројувам сите, а мора да ја споменам “Птицо моја“.-Не знам што подготвуваат “Чкембарите“ за овој нивни 35. роденден, во време кога е тешко да се организираат настани поради корона кризата, а се надевам дека достојно ќе го одбележат овој нов јубилеј, кој е на 25 септември, вели Миновски и додава:-Сакам прв во мое име и во име на редакцијата на “Битола њуз“ да им го честотам роденденот, 35 по ред на “Чкембарите“.Со желби заедно да славиме победи и титули на на нашите спортисти кои се натпреваруваат во зелено-белиот дрес, на Пелистер од Битола.