Press "Enter" to skip to content

Мартин Маринов, од Пелистер 15 мај од Битола, прв на етапата од Тирана до Велш (фото)

Велосипедскиот клуб Пелистер 15 Мај од Битола со шест возачи, колку и што предводуваат пропозициите е дел од трката “Тур де Албанија“ која се вози во четири етапи.Мартин Маринов, кој вози за Пелистер 15 Мај од Битола, беше прв на етапата која се возеше од Тирана до Велш во должина од 94 километри, во категорија јуниори.-Ова е 77. по ред трка “Тур де Албанија“ и ние како клуб традиционално учествуваме на покана на Велосипредската федерација на Албанија и со организаторт со кој како клуб имаме одлична соработка. Пелистер 15 Мај од Битола, настапи со шест возачи, а во етапата од Тирана до Велш имаме прво место во јуниори, а и останатите возачи се во првата група која пристигна на целта, ни рече Африм Јусуфи, тренер на велосипедистите од Битола, кратко во вибер-комуникација.

More from СпортMore posts in Спорт »