Press "Enter" to skip to content

Нови тројца со ковид-19 во Битола, активни 61 случај

Според информации на министерството за здравство, објавени на нивната офијацијална  фесјс бук страница, во Битола денес, недела има тројца новозаболени од ковид-19.

Со овие три лица во Битола има вкупно регистрирано 267 лице позитивно на ковод-19, а активни има 61 случај.

Во последните 24 часа се направени 1397 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19.

Починати се 6 лица, тројца пациенти во болнички услови, а денеска Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти.

Досега во земјата се направени вкупно 174.097 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.557, бројката на оздравени пациенти е 13.792, на починати е 689, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.076.