Press "Enter" to skip to content

Со два гола Пелистер во Битола носи три бода, како одлична увертира за Шкендија

Беласица – Пелистер 0:2 (0:1)

Пелистер во шестото коло од Првата македонска фудбалска лига ја победи екипата на Беласица и во Битола, повеќе од заслужено, се враќа во три бода, а победата од 0:2  е одлична уверира за мирна седмица пред дуелот со Шкендија подр Тумбекафе.

Првата шанса Пелистер ја имаше во втората минута, кога Хот, напаѓач на „зелено-белите“ со глава биеше. Ако не погодија во втората минута за водство, или пак во четвртата која биеше Борха, се случи во 10. минута, кога Нето со прецизен удар постигна гол за рано водство.

Во вториот дел Беласица тргна за гол, но Пелистер одлично парираше, а домаќините се откажаа кога Фазлиу од прва биеше од блиску за 0:2, по убавото уфрување на Драгарски.

Пелистер во седмото коло, на свој терен, под Тумбекафе во Битола ја пречекува Шкендија. 

More from СпортMore posts in Спорт »