Press "Enter" to skip to content

Со концерт на џез гитаристот Четкар затворено 12. издание на “Музика од светот“ во Битола (фотогалерија)

Вечерва, во Пациот на Завод и музеј во Битола, со целовечерен концерт го изведе македонскиот џез гитарист Владимир Четкар, со неговите соработници, заврши 12. издание на фестивалот “Музика од светот“.Под посебни мерки одредени по протоколите за одржување на концерти, Пациото беше преполно, онолку колку имаше столици, а битолчани кои беа тука уживаа во музиката на Четкар, кој не ги остави рамнодушни сите.Изборот за вечерашниот концерт, на завршувањето на Фестивалот во Битола, падна на  Четкар, охриѓанецот кого од поодамна го препознава светот. Четкар рече дека за него настап пред македонската публика е како враќање дома, а посебно како додаде:-Во овие специфични времиња, да не употребам некој друг збор, ми е посебно мило пто заедно со луѓето кои се со него, се во најубавиот град, градот во кој ги има најубавите жени, а и мажи, и дека ова начин да се поминат сите лоши денови кои ги поминавме досега, а секако додека трае кризата.Четкар покрај што ги почасти битолчани со убава музика ги воодушеви и на паузите меѓу песните со најавите за истите.Концерот на џез гитаристот Четкар беше фестивалска содржина од тридневниот фестивалски викенд во Битола на кој настапија Камерниот оркестар со познати солисти и група актери го изведоа перформансот „Патеки“, а во офф-програмата учествуваа ConTruDj.-Светот заради пандемијата, денес ни е домашниот свет. Ние ги поддржуваме нашите уметници затоа што само така ќе ја спасиме културата. Оваа година музиката ја споивме со актерскиот перформанс, со ритми од сите меридијани, за да потврдиме дека ова е фестивал на музика од светот, а сепак создаден дома, истакна Маја Андоновска-Илијевски директорка на НУ Центар за култура-Битола.Фестивалотот „Музика ос светот“ се одржува со поддршка на Министерството за култура, Општина Битола и компанијата „Кромберг & Шуберт“ во овој град.

С.Ристевски